Вести

  • |

Алфа ТВ, 18.04.2010


Успешни пробни летови на авиони на „КЛМ“ и „Луфтханза“ над Зашадна Европа


Авиони на холандската авиокомпанија „КЛМ“ и на германската „Луфтханза“ извршија успешни пробни летови над територијата над Западна Европа и по успешното слетување на нив не се откриени никкави штети од облакот од вулканска пепел, што го запре воздушниот сообраќај над поголемиот дел од европскиот континент.

Пробниот лет за „КЛМ“ го изврши авион од типот „Боинг 737-800“, кој летал над територијата на Холандија на височина од 10 до 13 илјади метри.„Луфтханза“ пак изврши пробни летови со десет авиони, кои летале од Минхен до Франјкфурт на височина од три до осум илјади метри.По слетувањата кај ниту еден авион не се забележани никакви штети.„КЛМ“ соопшти дека ќе се обиде да ги врати своите седум авиони што останаа заглавени во Германија во Амстредам и дека се надева оти ќе добие дозвила за делумно обновување на воздушниот сообраќај.

Вулканската пепел може да ги оштети аеродинамичмите делови на авионот, да ги блокира моторите и да создаде дефекти во електричниот систем на леталата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika