Вести

  • |

А1, 20.04.2010


Утринава во Брисел слета првиот авион од Виена


По неколкудневната парализа во европскиот зодушен сообраќај утринава на меѓународниот аеродром во Брисел слета првиот авион од Виена. Аеродромските власти најавуваат дека првото полетување од Брисел веројатно ќе биде по 14 часот.„При давањето одобрение за слетување приоритет ќе имаат авионите што пристигнуваат од Африка, бидејќи многу белгиски патници, кои се блокирани по аеродромите во африканските земји, преживеаја особено големи тешкотии“, изјави државниот секретар за транспорт Етиен Скуп. Според портпаролот на белгиската авиокомпанија „Брисел Ерлајнс„ враќањето на десетиците илјади Белгијци, засегнати од затворањето на воздушниот простор заради вулканскиот облак од Исланд, ќе одземе неколку дена.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika