Вести

  • |

МРТ, 16.04.2010


Хаосот на европскиот сообраќај би можел да потрае 48 часа


Хаосот во европскиот воздушен сообраќај што настана поради ширењето на вулканската прашина од Исланд би можел да потрае 48 часа, соопшти европската агенција за контрола на воздушниот сообраќај, Еуроконтрол.

До сега се затворени аеродромите во Данска, Шведска, Ирска, Британија, Белгија и Холандија, а Еуроконтрол соопшти дека наскоро тоа може да случи и во Франција и Германија. Воздушниот сообраќај во Европа, поради тоа е намален за четвртина.

Од вулканскиот прав, што изминативе денови ги исфрла вулканот на глечерот Ејафјалајокул, околу 120 километри источно од исландскиот главен град Рејкјавик, пепел лета и на шест километри височина и претставува закана за авионите со тоа што им ја смалува видливоста. Поради поволниот ветер, пак летовите према Исланд се вообичаени.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika