Вести

  • |

А1, 18.04.2010


Четврт ден без летање над Европа


Облакот со пепел од исландскиот вулкан, се насочува кон југот на Европа, предизвикувајќи застој во европскиот воздушен сообраќај веќе четврти ден.

Десетици илјади луѓе останаа заглавени на аеродромите ширум светот, поради затворањето на воздушниот простор над речиси сите европски држави. Утрово остануваат затворени воздушните пространства над неколку европски држави. Во Австрија, Белгија, Данска, Ирска и Холандија, летовите се забранети најмалку до 14 часот по средно европско време. Воздушниот простор над Велика Британија, Германија и северниот дел на Италија ќе биде затворен до 20 часот, додека во Франција до утре до осум часот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika