Вести

  • |

Алфа ТВ, 01.05.2010


Авион за Шангај пренасочен поради закана за поставена бомба


Авион кој денеска од главниот град на Тајван, Тајпеј летал кон кинескиот град Шангај, слетал на најблискиот кинески аеродром откако еден од патниците ги известил пилотите дека во неговиот багаж има бомба.

Авионот безбедно слетал на аеродромот во градот Хангџу, а кинеските власти го одвеле на испрашување патникот поради кој авионот бил пренасочен. Полицијата при претресот на багажот по слетувањето во Хангџу, не нашла експлозив.

По четири часа поминати на тој аеродром, авионот го продолжил својот лет кон Шангај каде слетал без инциденти околу пет часот по локално време.Кина и Тајван воспоставија редовни директни летови во 2008 година. Неделно се реализираат околу 270 такви летови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika