Вести

  • |

Алфа ТВ, 10.05.2010


Аеродромите ширум Европа постепено се отвораат за сообраќај


Аеродромите ширум Европа денеска постепено се отвораат, откако заради претпазливост од облакот пепел од вулканот на Исланд беа затворени во текот на викендот.

Повеќето аеродроми во Европа, освен неколку во Португалија, треба нормално да продолжат со работа, јави Би Би Си.Европската агенција за контрола на авиосообраќајот „Јуропол’ соопшти дека воздушниот простор над Исланд, Атлантикот и Португалија и натаму е делумно затворен.Португалските аеродроми ќе останат затворени и по 12 часот по средноевропско време.

Повеќе од 200 летови во текот на викендот беа откажани во Португалија, од кои 71 од лисабонскиот аеродром.Воздушниот простор над Австрија, по вчерашната одлука за краткорочно затворање, денеска во целост е слободен за авиосообраќај.

Облакот вулканска пепел од Исланд вчера се помести од Шпанија кон југот на Франција, Швајцарија, Италија, Португалија, Германија и Австрија, поради што аеродромите ширум Европа беа затворени, а летовите од нив откажани.И над Ирска не беше дозволен авиосообраќај, така што во оваа земја беа затворени пет аеродроми, вклучувајќи ги и трите најголеми- Даблин, Шенон и Корк.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika