Вести

  • |

МИА, 13.05.2010


Аеродромот во Казабланка повторно затворен, во Тунис воздушниот сообраќај нарушен од вулканската пепел од Исланд


Мароканскиот меѓународен аеродром „Мохамед Петти“ во градот Казабланка денеска одново беше затворен поради облакот од пепелта од вулканот во Исланд.

Аеродромот ја запре работата, откако утринава неколку часа беше отворен. Околу 80 проценти од целиот воздушен сообрачај во Мароко преминува преку аеродромот „Мохамед Петти“. Од вчера аеродромите во Тунис исто така се засегнати од нарушувањата во воздушниот сообраќај од Европа поради облакот од вулканска пепел од Исланд, соопшти денеска туниското Министерство за транспорт. - Ниту еден лет не беше откажан денеска во Тунис, имаше само задоцнувања, истакна претставник на Министерството за транспорт.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika