Вести

  • |

МИА, 18.05.2010


„Ал Џезира“: Авионот кој се урна во Авганистан бил купен пред три месеци во Бугарија


Авионот „Ан-24“ од руско производство, кој денеска се урна во Авганистан со 43 патници во него, бил купен пред три месеци од Бугарија, тврди катарската телевизија „Ал Џезира“.

Според телевизијата, причините за несреќата се уште не се познати, но можно е тоа да е лошото време. - Временските услови се многу лоши. Толку многи ума магла, што не може да се спроведе спасувачка операција, објави телевизијата.

Претставник на авганистанското Министерство за транспорт, претходно исто така истакна дека причина за авинската несреќа може да се лошите метеоролошки услови. Според некои западни агенции, кои успеале да дојдат до списокот со имињата на патниците, во авионот се наоѓале и шестмина странски државјани, но засега нивната националност не е откриена.

Со авионот патувале вкупно 43 лица - 38 патници и пет члена на екипажот, потврди авганистанското Министерство за внатрешни работи, не давајќи информации за преживеани во несреќата.

Авионот на локалната авиокомпанија „Памир ервејз“ изведувал лет од градот Кундуз кон Кабул. „Памир ервејз“ е една од трите големи приватни авиокомпании во Авганистан.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika