Вести

  • |

МИА, 20.05.2010


Во Авганистан пронајден задниот дел на урнатиот авион на „Памир ервејс“


Задниот дел на авионот, што се урна во понеделникот во Авганистан, со 43 лица во него, се откриени во планините во близина на Кабул, соопшти денеска авганистанското Министерство за транспорт, цитирано од агенциите. -Меѓународните сили ни покажаа снимки од опашката на авионот. Таа е откриена во планините Шакар Дара, на околу 20 километри северно од Кабул, изјави портпаролот на Министерството за транспорт.

Авионот „Антонов-24“, на авиокомпанијата „Памир Ервејс“, се урна во понеделникот во северен Авганистан. Меѓу 43-цата патници и членови на екипажот тројца беа Британци, еден Американец и двајца други странци, чија националност не е позната. Лошите метеоролошки услови веројатно се причина за несреќата на авионот, што изведуваше редовен лет од Кунду за Кабул.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika