Вести

  • |

МРТ, 11.05.2010


Во Босна падна авион, загина пилотот


Мал авион падна врз приватна куќа во Бихаќ, при што загина пилотот, информираа сараевските медиуми. Авионот се срушил доцна синоќа врз семејна куќа при што е причинета голема материјална штета.

Сè уште нема информации за повредени. Очевидците велат дека во околните куќи се почувствувала силна детонација и потрес. Сараевската полција ги истражува причините за несреќата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika