Вести

  • |

МРТ, 17.05.2010


Во урнатиот авион се наоѓале шестмина странски државјани


Вкупно 38 патници, меѓу кои шестмина странци, како и пет членови на екипажот, се наоѓале во авионот на авиокомпанијата „Памир ервејс“ кој се урна во Авганистан, соопшти Министерството за внатрешни работи. Авионот кој полетал од северниот град Кундуз близу до престолнината Кабул, исчезна во 8 часот по локално време. „Потврдувам дека авионот кој пренесувал 38 патници и пет лица од екипажот се урнал во близина на преминот Саланг“ изјави портпаролот на министерството.

Преминот Саланг се наоѓа на околу 100 километри северно од Кабул. Причината за несреќата се уште не е јасна, но најверојатно инцидентот настанал заради дождливото време во престолнината и неговата околина. Авиокомпанијата „Памир ервејс“ соопшти дека во авионот имало шестмина странски државјани.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika