Вести

  • |

МИА, 27.05.2010


„Вулканската криза“ ја чинела економијата пет милијарди евра


Париз, 27 мај 2010 (МИА) - Затворањето на воздушниот простор на Европа поради ерупцијата на вулканот на Исланд и нанесе на светската економија штета од пет милијарди долари, се наведува во најновиот извештај на компанијата „Ербас“. Истражувањето што го спроведе компанијата „Оксфорд економикс“, специјализирана за економски прогнози, покажало дека првата седмица „вулканската криза“ ја чинела светската економија 4,7 милијарди долари.

Следното откажување на приближно 5.000 летои во периодот до 24 мај, ја зголемила таа сума уште за пет отсто. Според директорот на „Оксфорд економикс“ Адријан Купер, вулканската пепел не нанела само штета на патниците и на авиокомпаниите, туку посредно ја погодила и трговијата, инвестициите, туризмот и производството. Во Европа, според експертите, во седмицата од 15 до 21 април извршени се 100.000 летови (53 отсто) помалку отколку претходната седмица.

Чистите загуба на секторот на авиопревозот изнесувале 2,2 милијарди долари, додека загубите на патниците, кои не можеле навреме да отпатуваат, проценети се на 1,6 милијарди долари. За време на првата седмица на „вуланската криза“, кога европскиот воздушен простор бил практично целосно затворен, загубите во САД изнесувале 957 милиони долари, во Азија - 517 милиони долари, во Европа - 2,632 милијарди долари, на Блискиот Исток - 591 милиони долари, се наведува во извештајот. нд/9:00

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika