Вести

  • |

МИА, 23.05.2010


Грција го отфрли предлогот на Ердоган за разоружување на авиони кои патролираат над Егејско Море


Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас денеска го отфрли предлогот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за разоружување на грчките воени авиони кои летаат над Егејско Море. - Турција не бара дозвола за прелетите кога го нарушува грчкиот воздушен простор.

Да не заборавема дека се уште постои воена закана од страна на Турција. Разоружувањето на авионите не ги намалува тензиите и ризикот од инцидент. Тоа што треба да исчезне е заканата, наведе Друцас. Предлогот за разорушување на авионите кои патролираат над Егејско Море беше даден за време на неодамнешната посета на Ердоган на Атина.

Грција и Турција покрај спорот за територијалните води имаат спор и за воздушниот простор над Егејско Море. Чести се нарушувањата на територијалните води и воздушниот простор и на Грција и на Турција.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika