Вести

  • |

МИА, 12.05.2010


Деветмина странски државјани загинале во несреќата на либискиот авион во Триполи


Деветмина се странските државјани кои загинаа во денешната авионска несреќа во Либија, изјави либискиот министер за транспорт Мохамед Зидан.

Сто и три лица загинаа, кога „Ербас“ А 330-200 на либиската авиокомпанија „Ал Африкија“ се урна при слетување на аеродромот во Триполи. Повеќе од половина од жртвите се Холанѓани - 61 лице. Но исто така и единствениот преживеан - осумгодишното момче, исто така е Холанѓанец. Двајца од загинатите се Германци, еден Французин. Меѓу останатите жртви има граѓани на Јужна Африка, Финска, Велика Британија, Филипините и Зимбабве, истакна министерот.

Единаесеттемина членови на екипажот се Либијци. Британското МНР објави во урнатиот авион имало еден британски државјнин.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika