Вести

  • |

МИА, 26.05.2010


Десет лица повредени поради турбуленции во авион на лет од Лондон до Лос Анџелес


Лос Анџелес, 26 мај 2010 (МИА) - Десет лица се повредени, од кои некои се здобиле со скршеници, за време на силните турбуленции кои го зафатија авионот на летот од Лондон за Лос Анџелес, поради што тој бил пренасочено кон канадскиот град Монтреал.

Официјалниот претставник на „Јунајтед Ерлајнс“ Сара Месијер изјави дека вчера на летот 935 биле пријавени големи турбуленции над Атлантскиот Океан и дека авионот слетал во Монтреал. Од авиокомпанијата соопштија дека поради повреди лекарска помош побарале девет патници и еден од членовите на екипажот, додавајќи дека ниту една од повредите не била опасна по животот. Авионот „боинг 777“ на аеродромот во Монтреал бил проверен поради евентуални оштетувања, а патниците биле пренесени во Лос Анџелес со друг авион кој по нив пристигнал од Чикаго. аа/ац/12:16

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika