Вести

  • |

26.05.2010


„Ер Индија“ откажа 76 летови поради штрајкот на нејзините работници


Индиската државна компанија „Ер Индија“ откажа 76 летови, бидејќи нејзините работници веќе втор ден штрајкуваат. Повеќе илјади патници се блокирани на аеродромите, поради откажувањето на 76-те летови на домашните и меѓународните линии.

Околу 20 илјади работници стапија во штрајк, протестирајќи против наредбата на управата да не разговараат со новинарите, како и против доцнењето на платите и недостигот на членови на екипажите. Работниците стапија во штрајк само неколку дена по падот на авионот „Ер Индија Експрес“ во градот Мангалор во јужна Индија, во кој загинаа 158 лица.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika