Вести

  • |

МИА, 18.05.2010


„Ер Франс“ бара 15 милиони евра отштета од „Континентал Ерлајнс“ за падот на „Конкордот“


Одбраната на француската авиокомпанија „Ер Франс“ побара американската авионска копманија „Континетал Ерлајнс“ да се осуди да исплати 15 милиони евра отштета поради падот на надзвучниот патнички авион „Конкорд“ на 25 јули 2000 година во Гонес, во непосредна близина на аеродромот Роаси – Шарл де Гол, при што животот го загубија 113 лица.

Адвокатот на „Ер Франс“, Патрис Рембовил-Никол, пред судот во Понтуаз, регион на Париз, изјави дека барањето на „Ер Франс“ е легитимно, со оглед дека компанијата нема одговорност во причините за несреќата и дека има право да побара „Континентал Ерлајнс“ да биде осудена, со оглед дека постојат очигледни сомневања за нејзината вина и одговорност. Француската компанија „Ер Франс“ се жали на тоа што со несреќата на „Конкордот“ е погоден нејзиниот имиџ и углед, како и нејзиното оцрнување од страна на „Континентал ерлајнс“ на судењето, губењето на екипажот и патниците на авионот кои предизвикаа трауми кај персоналот на компанијата, за што „Ер Франс“ бара трипати по три милиони евра.

Според одбраната на „Ер Франс“, несреќата на „Конкордот“ се должи на парчето метал – ламела од титан изгубена од ДЦ10 сопственост на „Континентал Ерлајнс“, кој полета само неколку минути пред Конкордот на „Ер Франс“, што ја предизвика несреќата. На првиот ден од судењето адвокатот на „Ер Франс“, Фернад Гарно оцени дека двајцата вработени на „Континетал Ерлајнс“, кои се обвинети дека не го поправиле добро авионот ДЦ10 од кој паднало парчето метал, се само „жртвени јарци“ и дека компанијата „Континентал Ерлајнс“ е виновна за оваа грешка.

- Останатите тројца обвинети за причините за несреќата, тројца високи раководители на „Аероспасиал“, компанијата која го направи „Конкордот“ и дирекцијата за цивилна пловидба, кои се обвинети дека не извлекле поука од претходните инциденти, најверојатно нема да бидат осудени, бидејќи „Ер Франс“ е убеден дека несреќата од 25 јули 2000 година била непредвидлива, оцени адвокатот Гарно.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika