Вести

  • |

МИА, 15.05.2010


Заканата за поставена бомба во летонскиот „Фокер 100“ - лажна


Припадници на единицата за антитероризам при германската полиција по деталната проверка на авионот на летонската авиокомпанија „Ер Балтик“, што попладнево слета во вонредни околности на берлинскиот аеродром „Тегел“ поради добиената телефонска закана за поставена бомба, не открија никаква експлозивна направа.

- Заканата за поставена бомба се покажа лажна, соопшти претставник на германската полиција. Попладнево во седиштето на „Ер Балтик“ телефонски се јавило анонимно лице кое рекло дека во авионот „Фокер 100“, кој веќе се наоѓал на лет од Рига кон Берлин, е поставена бомба. Веднаш по слетувањето во „Тегел“, сите 74 патници и членови на екипажот беа евакуирани од леталото и пренесени во аеродромската зграда. Во средата германската полиција на аеродромот „Тегел“ уапси две лица поради сомнеж дека планираат да киднапираат авион на релацијата Берлин-Москва. Приведените беа ослободени откако беше утврдено дека станува збор за пилоти на руска авикомпанија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika