Вести

  • |

МРТ, 05.05.2010


Заради вулканска пепел повторно затворено воздушното пространство над Шкотска и Северна Ирска


Воздушното пространство над Шкотска и Северна Ирска е затворено од шест часот по Гринич денеска заради висока концентрација на вулканска пепел во атмосферата.

Соопштението беше дадено од британски орган за регулирање на цивилни летови. Засега не е јасно колку време ќе трае забраната. Прогнозите на британските синоптички служби укажуваат дека „густината на вулканската пепел во атмосферата над Шкотска и Северна Ирска е над концентрацијата што е определена како безбедна од производителите на авионски мотори“, се вели во соопштението.

Според метеоролошките служби, многу веројатно е облакот со пепел да се придвижи во јужна насока што може да засегне попладнето аеродроми во северозападна Англија и северен Велс.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika