Вести

  • |

Утрински весник, 08.05.2010


Затворени 15 аеродроми во Шпанија поради вулканската пепел


Петнаесет аеродроми во северниот дел на Шпанија утрово се затворени поради што вулканската пепел навлезе во шпанскиот воздушен простор.Шпанската агенција за за контрола на летањето (АЕНА) синоќа соопшти дека ќе бидат затворени аеродромите во Сантјаго де Компостела, во Корнја и во Виго, но утрово беа затворени и аеродромите во Астуриес, во Сантандер, во Бургос, во Леон, во Валјадолид, во Саламанка, во Памплона, во Сан Себастијан, во Виторија, во Ла Риоха, во Билбао и во Сарагоса.

Поради забраната, која ќе остане во сила до 18 часот, по локално време, нема да се извршат околу 190 полети.Европската агенција за контрола на воздушниот сообраќај (Евроконтрол) соопшти дека поголем број на летови меѓу Европа и Северна Америка денеска се забранети поради големиот облак од вулканска пепел кој се простира на 2.000 километри долж северниот дел на Атлантскиот Океан.Дел од летовите се пренасочуваат на север и на југ поради пепелта од вулканот под глечерот Ејафјалајокул што се простира од Исланд до Северна Шпанија.

Вулканската пепел се издига до височина од околу 10,5 километри.Поради пепелта повеќе од 40 авиопревозници се принудени околу 600 прекуокеански летови да ги изведуваат по заобиколен пат односно по посигурни воздушни коридори. Поради тоа авионите имаат дополнително количество керозин, а летовите траат и до два часа подолго од предвиденото.

Метеоролозите предвидуваат вулканскиот облак до вечер да ја зафати и Јужна Франција.- Над Шпанија и над Португалија се формира депресија, која ќе ја истурка пепелта на југозапад. Се очекува вулканскиот облак до вечер или во текот на ноќта да биде над јужниот дел од Франција, соопшти француската метеоролошка служба.

Поради вулканскиот пепел укинати се поголем број на полети од северниот португалски град, Порто. Забранети се сите полети на малите авиокомпании.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika