Вести

  • |

МИА, 17.05.2010


ИАТА: Расте побарувачката за патувања во бизнис класа


Вулканската прашина од Исланд која продолжува да го попречува авионскиот сообраќај во Европа придонесе за намалување на бројот на меѓународни летови во април за околу четири отсто, соопшти денеска Здружението на меѓународни авиопревозници (ИАТА).

Тие сметаат дека и покрај „вулканската“ криза побарувачката за превоз со авиони постепено се опоравува. ИАТА укажува дека во март оваа година продолжи интезивната побарувачка на билети за бизнис и прва класа благодарение на економското опоравување.

Побарувачката за премиум седишта во март е зголемена за 10,8 отсто во однос на истиот лански период, а превозот во луксузна класа во првото тримесечие се зголеми за 25 отсто во споредба со последните три месеци од 2009 година. Меѓутоа, побарувачката за бизнис и прва класа патувања, најпрофитабилен дел од авионскиот превоз, е се уште 15 отсто под предкризното ниво, предурпедува ИАТА во анализата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika