Вести

  • |

А1, 04.05.2010


Ирска повторно откажува летови поради вулканска пепел


Ирска од денеска ги запира привремено сите летови на својата територија поради нов ризик од преместување на вулканска пепел од Исланд кон југ во државата,соопштија воздухопловните власти во Даблин.

Експертите не можат да укажат дали движењето на ветрот ќе предизвика пошироко затворање на европскиот воздушен простор. Ќе бидат откажани сите летови, (слетување-полетување) поради „безбедносен ризик за екипажите и патниците поради вулканската пепел“.

Се затвораат аеродромите и во Република Ирска и Северна Ирска. Во крајот на минатиот месец кога воздушните струи разнесоа пепел од исландски вулкан за шест дена беа откажани повеќе од 100.000 летови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika