Вести

  • |

Нова Македонија, 27.05.2010


„МАТ ервејс“ чека дозвола за летање


Авиокомпанија под името „МАТ ервејс“ за опслужување чартер-летови формираа во Скопје српската туристичка агенција „Кон тики травел“ и компанијата „Метрополитен инвестмент груп“ од Белград
Сопствениците на „МАТ ервејс“ вчера информираа дека авиокомпанијата
располага со сопствен авион од типот „боинг 737-500“ и оти вработува 60
лица.

Очекуваат во што пократок рок од Агенцијата за цивилно
воздухопловство да добијат дозвола за летање, за што, како што тврдат,
ја доставиле целата неопходна документација. Во плановите за работење
најавуваат директни летови за Охрид, како и аранжмани за познатите
туристички центри во Србија.

Единствена врска на оваа компанија со поранешниот редовен македонски авиопревозник МАТ, кој во моментов е во стечај, е сличноста во името.

Сопствениците на новата компанија сакаат ова име да биде добар амбасадор на Македонија под чие знаме и ќе сообраќа.

Сопствениците на новата авиокомпанија очекуваат годинава да остварат приход од 10 до 15 милиони евра, врз основа на инвестициите што ги вложиле.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika