Вести

  • |

МИА, 17.05.2010


Најголемиот број од британските аеродроми се отворени со големи нарушувања во редот на летање


Најголемиот број од британски аеродроми, што беа затворени доцна синоќа и во текот на ноќта, претпладнево се одново отворени за сообраќај, но насекаде има сериозни проблеми во одржувањето на редот на летање, јави дописникот на МИА од Лондон.

Управата за цивилен авионски сообраќај соопшти дека и натаму се забранети за летање аеродромите во Северна Ирска,к ако и поголемиот број од оние во Шкотсла и во Велс. Најголемите проблеми се кај најголемите лондонски и британски аеродроми Хитроу и Гетвик, каде иако од претпаднево е воспоставен сообраќајот, се уште не полетуваат авиони, освен што на нив слетуваат оние што доаѓаат од странство. Управите на сите аеродроми во Лондон и понатаму ги предупредуваат патниците да бидат во контакт со компаниите со кои треба да патуваат пред да тргнат кон некој од аеродромите.

Во текот на вчерашниот ден најголемиот број британски аеродроми беа затворени преку целиот ден, а од ноќеска им се приклуција и лондонските, освен аеродромите Станстед и Лутон. Причина за новото сериозно нарушување на авиониот сообраќај уште еднаш беше обласкот од Исланд полн со вулканска пепел. Централаната контрола на летањето во Велика Британија нареди затворање на возудшниот простор над земјата, следејќи го движењето на опасниот облак.

Вулканолозите од Исланд, како и британски екесперти за Скај телевизија изјавија дека вулканот на северноатланскиот остров ќе биде подолго време активен, а тоа знаци дека преку целото лето ќе има повремени блокади во воздушниот сообраќај и проблеми во одржувањето на редот на летање.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika