Вести

  • |

МИА, 25.05.2010


На тиранскиот аеродром спречен Албанец да влезе во авион со огнено оружје


Албанскиот емигрант Лаурнат Дервишај уапсен е на тиранскиот аеродром „Мајка Тереза“ при обид да влезе во авион со пиштол „застава “ со девет куршими, јави дописникот на МИА од Тирана.

Пиштолот кој бил скриен во неговите лични работи кои ги носел во патничката торба, бил откриен кога истата минувала низ скенерска контрола. Дваесет и тригодишниот Албанец, по потекло од Орикум, кај Валона, требало да патува за Џенова. Поседувал албанска патна исправа и регуларна италијанска виза.

Полицијата го уапсила Дервишај, кој освен основните лични податоци и правец каде патува одбивал да дава одговори без присуство на адвокат. Одредена му е мерка притвор а истрагата треба да потврди дали имал намера да изврши терористички акт.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika