Вести

  • |

Алфа ТВ, 04.05.2010


Независна експертиза за падот на армискиот хеликоптер


По неколкумесечна преписка, во Македонија конечно пристигна Едвард Пули. Британскиот експерт за воздухопловни несреќи треба да помогне во откривањето на вистината - зошто загинаа 11 македонски мировници кај катлановско Блаце на 12 Јануари 2008.

По едночасовната утринска средба со истражниот судија Славјанка Јаневска, во Основниот суд Скопје 1, Пули сепак не беше расположен да ја коментира документацијата која веќе ја има кај себе - зошто паднал армискиот хеликоптер. - „Јас ќе го предадам својот извештај на обвинителството и тие ќе одлучат дали ќе ги објават информациите во него.

Извештајот го работам за нив, а не за јавно објавување па тие нека одлучат како ќе постапат“ - изјави Пули по средбата.Британецот, чии хонорар ќе изнесува 55.000 фунти, го обегна и контактот со роднина на еден од загинатите војници под образложение дека тој работи само за истрагата.Од она малку пак што можеше денеска да се дознае од судот е дека Пули во следните два дена ќе ги разгледа доказите за падот на армискиот хеликоптер.

За денеска било потврдено само дека ќе ги посети воените хангари на аеродром Александар Велики каде се чуваат остатоците од паднатиот хеликоптер. Кога ќе биде готово неговото вештачење сепак за сега не се знае. Армискиот хеликоптер МИ-17 падна пред 2 години и четири месеци. Несреќата однесе 11 животи. И покрај трите извештаи за несреќата и големата штета предметот сеуште е во фаза на истрага. Само за изборот на експертот Пули надлежните служби потрошија цела година.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika