Вести

  • |

МИА, 26.05.2010


Новоформираната авиокомпанија МАТ Ервејс очекува што поскоро дозвола за летање од АЦВ


Скопје, 26 мај 2010 (МИА) - Авиокомпанија под името „МАТ Ервејс“ за опслужување чартер летови формираа во Скопје српската туристичка агенција Кон Тики Травел и компанијата Метрополитен инвестмент груп од Белград. Сопствениците на МАТ Ервејс денеска преку соопштение информираа дека авиокомпанијата располага со сопствен авион од типот Боинг 737 - 500 и оти вработува 60 лица.

Очекуваат во што пократок рок од Агенцијата за цивилно воздухопловство да добијат дозвола за летање, за што, како што тврдат, ја доставиле целата неопходна документација. Во плановите за работење најавуваат директни летови за Охрид како и аранжамани за познатите туристички центри во Србија. Според соопштението, единствена врска на МАТ Ервејс со македонскиот поранешен редовен авиопревозник МАТ, кој моментно е во стечај, е сличноста на името кое го здржале поради желбата компанијата под тоа име да биде добар амбасадор на Македонија под чие знаме и ќе сообраќа.

Сопствениците на новата авиокомпанија очекуваат годинава да остварат приход од 10 до 15 милиони евра, врз основа на инвестиците кои ги вложиле.лв/скс/14:51

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika