Вести

  • |

МИА, 17.05.2010


Облакот со вулканска пепел ги затвори лондонските аеродроми Хитроу, Гетвик и Сити


Двата најголеми британски аеродроми, лондонските Хитроу и Гетвик, како и аеродромот Сити, на источната страна од британскиот главен град се затворени за сообраќај „најмалку до денеска во 7 часот" по локално време, соопшти управата за цивилен авионски сообраќај (ЦАА).

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, причината за оваа блокада е новиот облак полн со вулканска пепел што од Исланд полека се спушти кон Британските Острови. Облакот вчера предизвика поголемиот дел од Велика Британија да биде „зона забранета за летоби“ од раните утрински часови до доцна вечерта.

Покрај трите лондонски аеродроми, за авионски сообракај од синоќа се затворени и сите други возудшни прстаништа на југот од земјата, како и сите аеродроми во Северна Ирска, шкотските острови на крајниот север, североисточниот брег и аеродромот во Абердин. Аеродромите во Манчестер, Ливерпул и Лидс-Брадфорд, како и оние во Глазгов и Единбург се повторно отворени од 1 часот по полноќ, иако претходно беше најавено дека тие повторно ќе почнат да работат синоќа околу 19 часот.

Управите на сите овие аеродроми ги предупредуваат патниците пред да се одлучат за патуванје, да ги пршаат своите компании за тоа дали ќе се реализираат планираните летови. Претставник на Асоциацијата на британските аеродроми (БАА) синоќа соопшти дека постои опасност да дојде до одлагање со отворањето на Хитроу и Гетвик. Новата блокада во авионскиот сообракај доаѓа еден месец по првата ерупција на вулканот на Исланд, поради која британскиот воздушен простор беше затворен цела недела, а Велика Британија беше без летови кон и од нејзините аеродроми. Сегашната забрана предизвика нервозна реакција на двете најголеми домашни компании „Бритиш Ервејз“ и „Вирџин“ кои изразија сомнеж во потребата од вакви „ригорозни мерки“ и од „постојани блокади во летањето“, но претсавник на управата за цивилен авионски сообракај изјави дека сите решенија сто ги носи ЦАА се во интерес на безбедноста во летањето.

Забраната за летови во неделата и можните нарушувања во текот на денешниот ден, доаѓаат на само 24 часа пред почетокот на првиот од четирите штрајкови од по пет дена, на кабинскиот персонал на „Бритиш Ервејз“, кои се очекува да предизвикаат нови прблеми за патниците и за авионскиот сообраќај во Велика Британија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika