Вести

  • |

Дневник, 13.05.2010


Осумгодишно момче преживеа авионска несреќа


Осумгодишно момче од Холандија ја преживеало несреќата на авионот „А 330“ што се урна вчера на аеродромот во Триполи, изјавија претставници на безбедносната служба на аеродромот.

Авионот експлодира при слетувањето и целосно се распадна - изјави претставник на аеродромот. Во авионот на либиската компанија „Ал Африкија“ се наоѓале 94 патници и 11 членови на екипажот.

Несреќата е најтешка авионска несреќа во Либија од декември 1992 година, кога исто така во близина на Триполи се урна авион во кој загинаа 157 патници и членови на екипажот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika