Вести

  • |

МИА, 27.05.2010


Откажани летови поради штрајкот на два меѓународни аеродроми во Берлин


Берлин, 276 мај 2010 (МИА) - Поради штрајк на вработените 22 летови од берлинскиот аеродром „Шенефелд“ се откажани, а на аеродромот „Тегел“ ќе има само слетувања. Вработените на двата меѓународни аеродроми во Берлин утрово стапија во штрајк, сооопшти денеска Синдикатот на аеродромските работници „Верди“. Најголемиот германски синдикат, кој ги застапува дел од вработените на аеродромите „Тегел“ и „Шенефелд“ соопшти дека штрајкот почна во четири часот и ќе трае до 10 часот по средноевропско време. Синдикатот бара зголемување на платите на вработените на аеродромите. ми/7:14

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika