Вести

  • |

МИА, 15.05.2010


Пилотите на „Бритиш Ервејз“ бараат од новата Влада да интервенира во тринеделниот штрајк


Пилотите на „Бритиш Ервејз“ и нивниот синдикат побараа денеска од новата британска Влада на премиерот Дејвид Камерон да интервенира во едногодишните несогласувања меѓу оваа најголема авионска компанија во Велика Британија и синдокатот Унита, за да се спречи одржувањето на најавените тринеделни штрајкови што почнуваат идната недела.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во писмо упатено до министерот за транспорт Филип Хамонд и до министерот за бизнис Винс Кејбл,

Синдикатот на пилотите предупредува дека серијата од четири петдневни штрајкови на кабинскиот персонал во авионите на „Бритиш Ервејз“, се ризикува сите во компанијата да останат без работа. Синдикатот од министрите во Владата бара да помогнат за одржување нови разговори меѓу менаџментот на авионската компанија и на синдикатот Унита. Синдикатите најавија дека првиот штрајк ќе почне на 18 и ќе трае до 22 мај, а другите три ќе стартуваат на 24 и 30 мај и на 5 јуни.

„Бритиш Ервејз“, како и за штрајковите во март годинава, соопшти дека се подготвува со 50 отсто од своите летачки капацитети да одржи дел од лините предвиденени за деновите на штрајкот. Унита петходно го одби најновиот предлог за договор меѓу управата и вработените.

Министерот за транспорт Хамонд ги повика и двете страни во ова долго несогласување да се вратат на работа и да продолжат со преговарањето.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika