Вести

  • |

МИА, 27.05.2010


Пилотите на урнатиот полски претседателски авион ги игнорирале предупредувањата за опасност


Варшава, 26 мај 2010 (МИА) - Грешка на екипажот ја предизвика несреќата на полскиот претседателски авион Ту-154 крај Смоленск, соопшти раководителот на полската државна комисија за истражување на авионесреќи Едмунд Клих, цитиран од руските медиуми.

Пилотите ги игнорорале сите предупредувања за опасност на автоматскиот систем за безбедност на авионот и презеле прекомерен ризик, рече Клих за полскиот дневен весник „Жечпосполита“. -Според мое мислење пилотите неколу пати ги игнорирале предупредувањата на автоматските индикатори за близина до земјата и неопходноста од кревање во височина. Овие предупредувања не биле земени предвид, посочи Клих. Кога се покажале на 100 метри височина требало да добијат височина, место да мислат дека ќе успеат да се приземјат во исклучително тешки метеоролошки услови на аеродромот во Смоленск, рече тој.

Опасниот маневар довел до несреќата, а не е исклучено и игнорирањето на процедурите што е широко распространето меѓу воените пилоти, забележа Клих. Вчера тој потврди дека во моментот на несреќата во пилотската кабина се наоѓал командантот на полските военовоздухопловни сили генерал Анджеј Блашик, но подвлече дека ништо не покажува дека тој извршил директен притисок врз пилотите. Клих, меѓутоа, напомена дека самото присуство на генералот во кабината можело да влијае на екипажот. сд/15:09

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika