Вести

  • |

МИА, 19.05.2010


Пилотот на полскиот авион комуницирал на руски јазик


Командниот пилот на авионот на полскиот претседател Лех Качински, кој се урна на почетокот од април во Западна Русија, со контролната кула на аеродромот во Смоленск комуницирал на руски јазик, изјави денеска шефот на техничката комисија кои ги испитува причините за несреќата, Алексеј Морозов.

Офицерот за навигација со контролорите на воздушниот сообраќај во зоните на Минск и на Москва комуницираше на англиски, но со контролата на аеродромот во Смоленск комуницираше на руски јазик, наведе Морозов, додавајќи дека командниот пилот солидно го зборувал рускиот јазик.

Морозов потенцира дека системот за предупредување се активирал 18 минути пред катастрофата и оти пилотите во таква ситуација требало да го дигнат авионот на поголема височина се додека сигналот не се исклучи. - Во моментот немаме одговор на прашањето зошто тоа не е направено, рече Морозов. Тој наведе дека полскиот авион, како и навигациските и инжинерските системи на аеродромот во Смоленск, во чија близина се случи несреќата, биле целосно исправни.

Началникот на Меѓународниот воздухопловен комитет, Татјана Анодина предходно изјави изјави дека авионот на Качински не паднал поради терористички напад, експлозија, пожар или дефект, но во пилотската кабина се наоѓале две лица кои не биле дел од екипажот. - Истагата покажа дека не се работи за терористички напад, експлозија, пожар или дефект, изјави Анодина при презентирањето на сознанијата на техничката комисија што ги испитува причините за авионската несреќа на полскиот авион.

Таа истакна дека авионските мотори работеле до моментот додека авионот не удрил во земјата. Анодина изјави дека идентификацијата на гласовите на лицата кои не припаѓале на екипажот на авионот, а се наоѓале во пилотската кабина, ја отежнува фактот што вратата од кабината при слетувањето на авионот била отворена. - Гласот на еден од нив е идентификуван. Полска треба уште да утврди на кого му припаѓа гласот на другата личност, нагласи Анодина.

Во авионската несреќа што се случи на 10 април загинаа 96 лица, меѓу кои и полскиот претседател Качински, неговата сопруга и повеќе високи полски функционери, кои патуваа во Русија на комеморацијата по повод злосторствата во Катинската Шума, кои се случиле во пролета 1940-та година кога советската тајна полиција стрелала 22.000 полски воени заробеници.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika