Вести

  • |

МИА, 13.05.2010


Полската истрага за авионската несреќа во која загина Лех Качински ги проучува мобилните телефони на патниците од авионот


Полските иследници на авионската несреќа во близина на Смоленкс, во Русија, во која загина претседателот Лех Качински и уште 95 лица, ја разгледуваат верзијата за улогата во трагедијата на мобилните телефони, кои ги користеле луѓето во авионот.

Иследниците не ја исклучуваат веројатноста користените мобилни телефони да извршиле влијание на крајот на летот, изјави полскиот главен обвинител Анджеј Серемет. Во последната фаза од летот работеле голем број мобилни телефони во авионот.

Сега полските иследници испратиле околу 100 мобилни телефони, користени за време на летот, на Агенцијата за внатрешна безбедност, која ќе ги истражува, ќе увиди кога биле водени разговорите од нив и какви смс пораки биле испратени. Полска и Русија водат одделни истраги на трагедијата, но во тесна соработка.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika