Вести

  • |

МРТ, 28.05.2010


Полскиот претседател Лех Качински сепак е убиен


Деталите за авионската несреќа во која загина полскиот претседател Лех Качински, што се случи на 10 април во близината на Смоленск во Русија, стануваат достапни за јавноста „на рати“, чекор по чекор.

Шефот на истражувачката комисија Едмунд Клич изјави дека во пилотската кабина на авионот во кој животот го загубија 96 претставници на политичкиот врв на Полска, до последниот момент бил и командантот на воздухопловните сили генерал Андржеј Бласик , па се шпекулира дека тој им вршел притисок на пилотите. Руските медиуми отидоа и чекор понапред и објавија дека генералот Бласик најверојатно сам го управувал авионот.

Полски и германски експерти се сомневаат дека некој намерно ја попречувал работата на автоматскиот пилот, кој заради тоа покажувал погрешни информации на која висина се наоѓа авионот. Автоматскиот пилот добивал информации од ГПС (GPS) а на него се темели севкупниот компјутерски систем на авионот. Прашањето е зошто пилотите не реагирале на информациите дека авионот е на 500, 70, 10 метри? Методот на пречки во ГПС е познат под англискиот збор meaconing а се употребува во одбрана на стратешки објекти како што се на пример нуклеарните централи. Станува збор за информатички метод кој снима сателитски сигнал, а потоа го праќа со задоцнување.

Поради тоа електронскиот уред чита погрешен сигнал, па така и во претседателскиот авион биле исчитана погрешна висина. Потврдата за евентуално намерно уривање на авионот и убиство на претседателот Качински и полската елита може да се најде во црната кутија чија копија Русите им ја предадоа на Полјаците во понеделникот. Полската опозиција смета дека на Полска треба да и биде предаден оригиналот, а не копијата.

Полскиот весник „Газета Полска“ претпоставува дека на рускиот произведувач на авиони од типот Тупољев ТУ-154 не им претставува проблем да ги сокријат трагите од таинствениот meaconing. Истовремено, полските весници потсетуваат на случај на уривање на авионот на поранешниот социјалистички претседател на Мозамбик и верен сојузник на СССР, Самора Моизес Мачел во 1986 година во Јужна Африка. Извештајот на тогашната комисија бил сличен на оној кој Русите го направиле за авионот на Качински. Пред седум години, таен агент на тогашниот расистички режим на Јужноафриканската Република Ханс Лоу призна дека авионот се срушил поради пречки во пренесувањето на сателитскиот сигнал, но и дека авионот требало да биде погоден со боев проектил во случај пречките да не успеат.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika