Вести

  • |

Алфа ТВ, 01.05.2010


Српската влада сака да купи фалкон


Српската влада сака да купи нов или половен авион за патувањата на премиерот и министрите по Европа, но и за интерконтинентални летови

.Според локалните гласила, станува збор за авион од типот Фалкон 900 со 19 седишта, кој може да лета и на прекуокеански летови, а чини околу 37 милиони долари.Србија веќе подолго време размислува за дополнување на владината флота.

Сегашните два авиона не ги задоволуваат потребите на владата, бидејќи едниот Фалкон 50 е произведен во 1981 година и големи се трошоците за негово одржување, а вториот Лирџет 31А е десет години понов но има простор за само петмина патници.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika