Вести

  • |

МИА, 17.05.2010


Холандските аеродроми Амстердам- Шипхол и Ротердам затворени поради облакот пепел од исландскиот вулкан


Холандските аеродроми Амстердам-Шипхол и Ротердам денеска ќе бидат затворени најмалку по осум часа заради приближувањето кон југ на облакот пепел од исландскиот вулкан, пренесоа агенциите, цитирајќи ја холандската телевизија.

Аеродромите во Амстердам и Ротердам се двата најголеми во Холандија. Иако останатите аеродроми продолжуваат со работа, воздушниот сообраќај практично ќе запре во цела земја, бидејќи Шипхол е третиот аеродром во Европа по превоз на товари и петти по транспорт на патници, посочуваат агенциите.

Забраната за летови се наметна заради засилената концентрација на пепел во холандскиот воздушен простор, соопшти службата за контрола над летовите. Лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик, исто така, денеска се затворени шест часа заради приближувањето на облакот пепел од исландскиот вулкан Ејафјатлајокутл на југ во британскиот воздушен простор, пренесоа агенциите.

Во останатите европски земји воздушниот сообраќај не е доведен во прашање, забележуваат француските медиуми.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika