Вести

  • |

МИА, 24.05.2010


Човечки фактор можеби е причината за авионската несреќа во Индија


За несреќата на индискиот патничкиа авион во кој загинаа 158 луѓе можеби е виновен човековиот фактор, изјави индискиот министер за цивилна авијација Прафул Пател.

Тој за телевизијата Си-Ен-Ен/Ај-Би-ЕН изјави дека временските и другите услови во саботата изгледале апсолутно нормални за регуларното спуштање и безбедно приземјување. Министерот рече дека видливоста била добра и оти во близина на местото на несреќата немало дожд, ниту облаци. - Не може да се отфрли човековиот фактор, рече индискиот министер и нагласи дека само истрагата може да утврди што се случило.

Во остатоците на авионот кој се урна при слетување на аеродромот кој се наоѓа во јужниот индиски град Мангалор пронајдена е „црната кутија“ која би можела да помогне во истрагата. „Црната кутија“ ќе биде испратена во Њу Делхи поради декодирање и детална истрага.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika