Вести

  • |

МИА, 13.05.2010


Шеесет и еден Холанѓанец загинале во авионската несреќа во Либија


Шеесет и еден Холанѓанец загинале во авионската катастрофа што се случи денеска на аеродромот во Триполи, соопшти холандската Федерација за туризам.

Портпаролот на Федерацијата, Ан Волк изјави дека во авионот имало 62 Холанѓани. Еден од нив е осумгодишното дете што преживеало. Две групи холандски патници имало во авионот - едната патувала за Брисел, а другата за Германија.

Либискиот министер за транспорт Мохамед Зидан, изјави дека откриени се останките на 96 луѓе од 104-те патници. Осумгодишно момче од Холандија е единственото, кое ја ја преживеа несреќата на авионот „А 330“ на либиската авиокомпанија „Ал Африкија“.

Авионот се урна неколку минути пред слетување. Патниците патувале од Јоханесбург, Јужна Африка, потврди авиокомпанијата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika