Вести

  • |

МИА, 28.06.2010


Во Охрид денеска првиот чартер-лет со туристи од Русија


Охрид 28 јуни 2010 (МИА) - Во Охрид денеска треба да пристигне првата група руски туристи кои десетина дена ќе гостуваат на Охридската ривиера.

Според најавите, 130-те туристи треба да пристигнат на аеродромот „Свети Апостол Павле" со посебен чартер-лет од аеродромот „Внуково“ во Москва. Како што е соопштено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, станува збор за првата од осумте предвидени групи руски туристи што до 30 август ќе летуват во Охрид.

Авионската линија и доаѓањето на руските туристи во Охрид е резултат на усогласени активности на повеќе институции и туристички организации, а во насока на Македонија како туристичка дестинација. Првите гости кои организирано доаѓаат од Русија, на охридскиот аеродром ќе ги пречекаат претставници на Руската амбасада во Македонија, на Руско–македонската комора и на Агенцијата за промоција на туризмот. аб/9:37 ###

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika