Вести

  • |

МИА, 30.06.2010


Во Охрид пристигна првата организирана група туристи од Русија


хрид 28 јуни 2010 (МИА) - На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ со посебен чартер-лет од Москва денеска пристигна првата група од 64 туристи од Русија, кои десетина дена ќе престојуваат на Охридската ривиера. Станува збор за првата од предвидените шест групи туристи од Русија кои во периодот до 30 август ќе летуваат во Охрид.

Тие на аеродромот во Охрид беа пречекани од претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на Руската амбасада во Скопје и на Македонско-руската стопанска комора. Ина Жарова, директор на агенцијата „Алекс-турс“ од Москва, изјави дека ова е прва година како нејзината фирма ја почнува соработката со македонските колеги во областа на туризмот. - Во текот на периодот април - јуни годинава, пробно во Охрид престојуваа помали групи од 10 туристи кои се вратија воодушевени од Македонија. Почувствувавме дека постои интерес во Русија за туристички престој во Македонија, така што сакам да веуверам дека не сме тука само за ова лето, туку се надевам дека идната година ќе има многу повеќе туристи од Русија, истакна Жарова. Евгениј Егоров од Руската амсабасада во Скопје, оцени дека доаѓањето на првите руски туристи во Охрид е значаен настан, и оти тоа е само почеток на отворањето на патот на руските гости кон Охридското Езеро.

Тој додаде дека постои интерес и во Русија и во Македонија, за унапредување на односите меѓу двете држави, како на политички така и на еконономски план. Македонскиот амбасадор во Москва, Илија Исајловски, од своја страна рече дека ова е среќен ден, затоа што по сите напори преземени од Владата и понудените поволности за заинтересираните тур-оператори, во Охрид пристигнаа првите руски туристи. - Според информациите со кои располага Амбасадата, сите билети за аранжмански престој во Македонија се продадени. Интересот оваа година за Македонија е многу голем. Македонија во Руската Федерација е промовирана како една од најевтините и најубавите европски дестинации, и тоа може да се види на поголемите руски интернет-странци, каде статијата за туристичкиот потенцијална Република Македонија е еден од најпосетуваните, појасни Исајловски. Според него, се очекува годинава само преку овој тур-оператор во Охрид да допатуваат околу 1.200 туристи. аб/ва/17:33

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika