Вести

  • |

Алфа ТВ, 16.06.2010


Вработени во М-НАВ обвинуваат за неправедно кратење на платите


Намалувањето на платите на техничкиот персонал во Македонска навигација не донесе заштеда, туку произведе социјални случаи, велат дел од вработените.

Тие го обвинуваат раководството дека ги намалило само најмалите плати - оние на возачите и хигиеничарките, за да отвори простор за вработувања по партиска линија. Сега, тие се на работ да станат социјални случаи. Платите на возачите, хигиеничарките и техничарите, на почетокот на годинава по препорака на Владата беа намалени за 20 до 50 отсто.

И покрај тоа што М-НАВ е акционерско друштво во државна сопственост, фирмата не е буџетска, туку користи пари од европската контрола на летање Еуроконтрол. Меѓу погодените со кастрењето на платите е и претседателот на Синдикатот во фирмата, Ристо Соколовски. Вкупната сума за лични доходи во М-НАВ, и покрај кратењето на платите, е само незначително намалена.

Првиот човек на фирмата, Живко Поповски, негира дека имало нови вработувања од почетокот на годинава. Тој вели дека причина за намалувањето на платите не било штедењето, но не објаснува која е вистинската причина.

Честите информации за вработувања со партиски и роднински врски во Македонска навигација ги загрижија и претставниците на Европските институции во земјава. Директорите на М-НАВ пред два месеца избегнаа средба со евроамбасадорот Ерван Фуере, кој јавно повика за немешање на политиката во осетливиот воздухопловен сектор. Жарко Настоски

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika