Вести

  • |

МИА , 25.06.2010


Генерален штрајк на француските железничари


Париз, 24 јуни 2010 (МИА) - Вработените во француската железница синоќа започнаа 24-часовен генерален штрајк, организиран од синдикатот поради плановите на Владата да изврши реформи во пензискиот систем и да ја зголеми на старосната граница за заминување во пензија.

Француската Влада најави дека планира да ја зголеми старосната граница за пензионирање од сегашните 60 на 62 години. Француската железница СНЦФ соопшти дека во текот на денов ќе има сериозни нарушувања во железничкиот сообраќај, бидејќи во функција ќе биде секој втор воз од меѓународните и домашни линии. Летовите на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ утрово се намалени за 15 проценти во периодот од 5 до 12 часот, поради предупредувачкиот штрајк на вработените во авиосообраќајот, соопштија цивилните воздухопловни власти, не прецизирајќи кои работници штрајкуваат.

Се очекува кон штрајкот да се приклучат и вработените во останатите јавни сектори, пред се во транспортот, образованието и државната администрација. Планирани се околу 200 протести низ цела Франција, за кои синдикатите тврдат дека ќе бидат најголеми по септември 2009 година. аа/сп/7:46

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika