Вести

  • |

МРТ, 30.06.2010


Грузија и Азербејџан како бази за напад врз Иран


Се шират гласини дека воздушните бази во кавкаските држави Грузија и Азербејџан би можеле да бидат употребени од страна на САД или Израел за воздушни напади врз Иран.

Колку што можеше да заклучи СТРАТФОР, трагата на овие гласини може да се проследи новинарскиот извор од Бахреин Акбар ал-Калеј, кој минатата недела тврдеше (цитирајќи само „извор“) дека неодамнешните извештаи за израелски авиони кои оперираат од база во Саудиска Арабија биле обична операција за дезинформирање на јавноста, за да се одвлече вниманието од напорите на САД и Израел на Кавказот. Последниот наплив на извештаи најверојатно потекнува од написот од 18 јуни, од сензационалистичкиот американски новинар Гордон Даф. Како и да е, гласините дека Грузија е можна база за воздушни напади врз Иран датираат барем од 2008 година. Никогаш не се докажа дека гласините се точни, а СТРАТФОР нема веродостојни докази дека тековните гласини се разликуваат од претходните. Теоретски, Кавказот не би бил лоша локација за користење на воздушните сили за напад врз Иран.

Според американското сценарио, борбените авиони кои би оперирале од овие бази би служеле како надополнување на оние кои оперираат од другите бази во регионот, како и големиот број на носачи на авиони (најмалку двојно повеќе од бројот кој сега се наоѓа во рамките на 5-та флота, која има два носачи). Поголемиот дел на иранската воздушна одбрана е ориентирана кон Ирак, Персискиот залив и Заливот на Оман, бидејќи е најверојатно американски воздушен напад да се изведе од американските борбени авиони кои оперираат од Ирак, од базите во арапските заливски држави и од носачите на авиони на отворено море. Згора на тоа, базите во Кавказот би биле многу поблиску до некои клучни цели во Иран, како што е Техеран и околината. Можноста да пријдат од Каспиското море на американските авиони ќе им даде можност да минат помалку време над иранска територија, со што ќе се овозможи по0голем број на борбени мисии.

Исто така, со бази во Кавказот, САД ќе можат да го нападнат Иран од сите страни , со што уште повеќе ќе ја искомплицираат состојбата со иранската противвоздушна одбрана, која и без тоа се соочува со големи проблеми. Во моментов постојат отприлика по десеттина големи аеродроми и во Џорџија и во Азербејџан. Некои од нив (вклучувајќи ги и најголемите) се чини дека се уште се оперативни и можат да понудат задоволителен квалитет за американските воени авиони. Но, ниту еден од најдобрите аеродроми не е изолиран, а повеќето писти се барем изложени на погледите на околните селски заедници, ако не и на цел град.

Ова екстремно го отежнува , ако не го прави и невозможно, прикривањето на подготовките, а уште помалку на пристигнувањето на ескадрилите од борбени авиони. Поизолираните писти се главно од советско време и потребно е значително реновирање, кое би вклучило и тешка механизација и цели ридови од материјали, пред да бидат подготвени за употреба од американските борбени авиони. Дури и активните, употребливи аеродроми од советско време, кои се дизајнирани за руските авиони со многу погруба опрема за слетување и не одговараат на американските стандарди за борбените млазњаци. Исто така, најверојатно ќе биде потребно и значителното реновирање, ако не и изградба од корен, на објектите за филтрирање и чување на горивото.

А во многу случаи ќе биде потребно и додатно асфалтирање, за да можат авионите ефикасно да се вртат на пистите. Она што сакаме да го кажеме е дека за сета оваа работа ќе биде потребно многу време, а ако се подготвува напад, тогаш работите ќе требало да започнат пред месеци. А, ќе беше многу тешко сета таа работа да се сокрие од мештаните, кои не само што ќе го забележеа зголемениот сообраќај на камиони и другите активности, туку ќе се почувствуваа и ефекти врз локалната економија. Во секој случај, борбените ескадрили и инфраструктурата и поддршката која им е потребна многу тешко може да се сокријат.

Доставата на борбени и транспортни авиони дури и во активна воздушна база ќе биде забележано во поширока географска област – доволно широка за да не може да се спроведе цврста контрола на информациите. Ова особено би важело за изолираните и долго занемарувани аеродроми, бидејќи наглото зголемување на бучавата од моторите и бројот на летови веднаш ќе стане очигледно дури и за најнеупатениот набљудувач. Во меѓувреме, сито така ќе почна да се одвива транспорт на материјали и потрепштини и по копно. Сето ова е тешко, ако не и невозможно, да се сокрие од Москва, бидејќи руското ФСБ има силно присуство на теренот и увид во состојбата и во двете држави, а нема да може да се сокрие ниту од руските сателити. Оваа логична реалност ги присили САД сериозно да ги изложат своите намери и во минатото и во операцијата „Пустински штит“ и „Пустинска бура“ во 1990-91 година, како и при операцијата „Слобода за Ирак“ во 2003 година. Неможноста да се сокрие вакво натрупување на материјали и опрема не ја спречува операцијата, но го отежнува криењето на подготовките за неа. А тоа е многу повеќе од обичен технички предизвик.

Причините поради кои САД не го напаѓаат Иран – и прават се што е потребно да го спречат Израел да го стори тоа – се јасни. Според проценката на американското разузнавање, Иран се уште не се одлучил дали ќе произведува нуклеарни орудија, а и ако се одлучи да произведе, ќе минат уште најмалку две години да го достигнат тоа ниво. Потоа, тука се предизвиците на тоа да се знае каде точно да се нападне, бидејќи разузнавачките информации за распоред на иранските нуклеарни инсталации се екстремно ограничени.

Во меѓувреме, политичката и безбедносната динамика во Ирак се уште е исклучително кршлива, а и глобалната економија се уште се влечка: последно нешто што и е потребно е криза во теснецот Хормуз (од каде што минува поголемиот дел од нафтата која се црпи во регионот). Американското повлекување од Ирак и од Авганистан, како и економското заздравување, едноставно се многу повисоки приоритети за Белата куќа и има многу малку индикации дека дошло до битна промена во овие приоритети. Се додека не се случи нападот, сировата способност на САД да го нападне Иран не е ништо друго, освен алатка за преговори.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika