Вести

  • |

МИА, 19.06.2010


Два авиони се судрија на аеродром во Чешка, нема повредени


Прага, 18 јуни 2010 (МИА) - Два патнички авиони се судрија денеска на пладне на меѓународниот аеродром „Рузина“ при подготовки за полетување. Портпаролката на аеродромот изјави дека нема повредени во судирот. И двата авиони се лесно оштетени и ќе треба да им бидат извршени поправки.

Едниот авион Ербас А-321 на „Луфтханза“ требало да полета за Франкфурт, а другиот Боинг 787-800, извршувал чартер лет за турската авиокомпанија „Сан експрес“. Нема информации за причините кои го предизвикале сударот. аа/ссм/15:35

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika