Вести

  • |

МИА, 05.06.2010


„Изиџет“ го претстави првиот радар за откривање на вулканска пепел


Лондон, 4 јуни 2010 (МИА) - Нискобуџетската авиокомпанија „Изиџет“ денеска го претстaви првиот радар во светот за откривање на вулканска пепел.

Апаратот, кој треба да биде монтиран на опашката на авионот и да регистрира присуство на пепел на 160 километри, би можел да спречи ново затворање на европскиот воздушен простор како што имаше во мај поради облакот од вулканот на Исланд.

Авиокомпанијата соопшти дека се планираат тестирања на новиот детектор за вулканска пепел со производителот на авиони „Ербас“ и оти се надева дека до крајот на годината апаратот ќе го монтира на десет свои авиони. јт/10:56

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika