Вести

  • |

МИА, 26.06.2010


Израелски авиони го бомбардираа Појасот Газа


Тел Авив, 25 јуни 2010 (МИА) - Израелски воени авиони во текот на изминатата ноќ бомбардираа магацин со оружје во северниот дел на Појасот Газа и два тунела за шверц на оружје во јужниот дел, при што едно лице е повредено, изјавија очевидци и палестински лекари.

Израелската армија соопшти дека целта е погодена и дека сите авиони се вратиле безбедно во своите бази. Нападот бил одговор на вчерашното истрелување на ракети и мини во јужниот дел на Израел. Војската соопшти дека Хамас, кој управува со Појасот Газа, „е терористичка организација које е целосно одговорна за она што се случува во овој дел на палестинската територија“.

Палестински извори нагласија дека е нападнат градот Рафа, кој се наоѓа на границата со Египет, поранешен аеродром и градот Бејт Ханун. гс/11:32

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika