Вести

  • |

МИА, 12.06.2010


Израел ги повлече војниците кои ги обучуваа турските пилоти за авионите „Херон“


Анкара, 11 јуни 2010 (МИА) - Израел повлече група војници кои ги обучуваа турските воени пилоти за авионите „Херон“, објави турскиот весник „Заман“. Обуката на турскиот персонал се одвиваше во воената база во Батман.

Во 2004 година по објавениот тендер од страна на турските вооружени сили Израел склучи договор за продажба на 10 воени авиони „Херон“ во вредност од 183 милиони долари. Досега Израел има испорачано шест авиони. Турскиот министер за одбрана Ведџи Ѓонјул истакна дека се надева оти Израел ќе ги достави преостанатите четири авиони.

Повлекувањето на израелските војници е по настанатата криза од нападот на израелските командоси врз хуманитарниот конвој што патуваше кон Појасот Газа. гс/17:36

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika