Вести

  • |

МИА, 14.06.2010


Мал авион се урна во мексиканската џунгла


Мексико Сити, 14 јуни 2010 (МИА) - Авион со десетина патници и членови на екипажот се урна денеска во оддалечениот шумски реон во јужната мексиканска сојузна држава Кинтана Ро.

Според претставник на властите во Кинтана Ро, со авионот патувале членови на опозициската Инсититуционална револуционерна партија (ПРИ), во рамките на кампањата за регионалните избори закажани за 4 јули.

Авионот полетал од градот Фелипе Кариљо Пуерто и се урнал во густата џунгла неколку минути подоцна. Во тек е акција на спасувачките екипи за пронаоѓање на остатоците на урнатиот авион. сп/9:52

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika