Вести

  • |

МИА, 29.06.2010


Нов напад на турската авијација врз цели во Северен Ирак


Ербил, 28 јуни 2010 (МИА) - Турски воени авиони денеска повторно напднаа цели на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак, изјавија претставници на ПКК и на курдската локална власт.

Но, се уште не е познато дали при нападот има и жртви. Според партпаролот на ПКК, Ахмет Денис воздушните напади на турската армија биле насочени кон курдскте номади кои живеат во пограничната зона. Турција ги интензивира нападите врз упориштата на ПКК во Северен Ирак во последните недели, а изврши и два копнени операции. Операцијата на турската армија е одговор на зачестените напади на курдските бунтовници во Турција.

Од 19 до 23 јуни во два напади беа убиени 18 турски војници и двајца цивили. Официјална Анкара тврди дека припадниците на ПКК од Северен Ирак преминуваат на територијата на Турција каде извршуваат терористички напади. ми/15:37

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika